Од 1 јули трет чартер-лет со холандски туристи во Охрид

Bez autora
Apr 26 2011

Покрај холандските туристи што ќе доаѓаат во Охрид организирано со чартер-летови на туроператорот „Корендон“, од 1 јули се' до крајот на летната туристичка сезона на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ еднаш неделно ќе слетува трет авион од Амстердам. Организацијата на чартер-летот на релација Амстердам - Охрид е на агенцијата „Каратанова-турс“. Таа во соработка со „Мат ервејс“ во петокот го реализираше првиот чартер-лет од Амстердам за Скопје, како иницијатива за директно авионско поврзување и евентуално воспоставување редовен лет од Холандија за Македонија. Холандските туристи што ќе доаѓаат преку агенцијата „Каратанова-турс“ ќе бидат сместувани во осум хотели на охридско-струшката ривиера, а дел од нив во приватни вили во Охрид.

Од 1 јули трет чартер-лет со холандски туристи во ОхридПокрај холандските туристи што ќе доаѓаат во Охрид организирано со чартер-летови на туроператорот „Корендон“, од 1 јули се' до крајот на летната туристичка сезона на охридскиот аеродром „Св. апостол Павле“ еднаш неделно ќе слетува трет авион од Амстердам.

Организацијата на чартер-летот на релација Амстердам - Охрид е на агенцијата „Каратанова-турс“. Таа во соработка со „Мат ервејс“ во петокот го реализираше првиот чартер-лет од Амстердам за Скопје, како иницијатива за директно авионско поврзување и евентуално воспоставување редовен лет од Холандија за Македонија.

Холандските туристи што ќе доаѓаат преку агенцијата „Каратанова-турс“ ќе бидат сместувани во осум хотели на охридско-струшката ривиера, а дел од нив во приватни вили во Охрид.

Трите најавени чартер-лета од Холандија ги потврдуваат очекувањата на охридските туристички работници дека холандските туристи се враќаат во Охрид.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik